До вчера требало да пристигнат 400.000, а пристигнале само 20.000 обрасци за пасоши, информира Панче Тошковски.
Министерот за внатрешни работи во преодната влада денеска соопшти кои граѓани први ќе земат нова патна исправа.
Граѓаните кои имаат термин за издавање пасош по итна постапка и лицата со медицинска потврда наскоро ќе добијат нови пасоши.
Тоа значи дека во наредниот период пасош ќе има само оној што платил и три пати поскапо, останатите ќе чекаат.
Техничкиот министер решението за хаосот го гледа во Парламентот. Тој бара пратениците да го изгласаат Законот за патните исправи кој е поднесен, како што помина и тој за возачките дозволи.
Во меѓувреме, проблеми со замената на македонските пасоши има и во странство, јавува „Телма“.
Од Министерството за надворешни работи преку соопштение информираа дека по претставништвата во Минхен, Бон и Берн, сега во сабота и недела во две смени ќе работи и генералниот конзулат во Венеција.
Ова ќе трае сѐ до нормализирање на ситуацијата и намалување на барањата на нашите државјани, за конзуларни услуги.