fbpx

Велеше дека секој ден е подарок: Почина славниот актер, не го дочека 50. роденден

На 49-годишна возраст почина актерот Кенет Мичел.

Ја загуби битката со опаката болест-Амиотрофична латерална склероза (АЛС), потврди семејството.

„Пет и пол години лавовски се бореше. И покрај сите предизвици со болеста, Кен успеа да се издигне со благодет и посветеност, живееше како да е здрав и му се радуваше на секој момент. Велеше дека секој ден е подарок“, напишаа неговите најблиски.

Мичел прпвпат јавно објави дека му е дијагностицирана АЛС во интервју за магазинот „Пипл“.

„Во моментот кога ми соопштија беше како да сум во филм. Не ми изгледаше реално. Така изгледаше, како да ја гледам таа сцена каде на некого му велат дека има неизлечива болест. Тоа беше само целосно неверување, шок“, изјави тој.

Кен играше во многу филмови и телевизиски серии.

-Тој портретираше олимписка надеж, преживеан од апокалипса, астронаут, татко на суперхерој и беше дел од четири „Ѕвездени патеки“-пишува во официјалното соопштение за неговата смрт.

Следни Објави

Оваа статуетка од „Златна бубамара“ вреди 11.250 евра: Еве кој ја купи

На неодамна одржаното 27. изданиe на „Златна бубамара на популарноста“, популарното дуо „ДНК“ доби признание за нивниот актуелен рефрен „Посреќна“, инаку повратничка песна на Раде Врчаковски-Врчак. Тие ја добија наградата за „Песна на годината“. Како и минатата година, Панчо и Андреј одлучија освоената статуетка да ја стават на лицитација за […]