fbpx

Ова е убиеното момче од Прилеп: Мајката со потресно сведоштво

Не стивнуваат реакциите по смртта на 14-годишното момче од Прилеп кое беше брутално убиено.

Неговото семејство не може да се соземеме од трагедијата која им се случи.

„Нашиот син Александар повеќе го нема и постојано се прашуваме дали ова можеше да се спречи. Нели знаела мајката на убиецот дека тој има ножеви, дека е проблематичен, нели знаеле нешто од Центарот за социјална работа од Прилеп, кога и на училиште се однесувал проблематично?“, со растреперен глас за ,,Фокус” зборува Маријана Димова од Сенокос, Прилеп.

Животот на нејзиниот син Александар (14) згасна на 29-ти февруари, околу 19.30 часот. Беше усмртен со десет убоди од нож, а осомничениот 16-годишник, веќе е во 30-дневен притвор, определен од судија за деца, а по барање на прилепското обвинителство.

Следни Објави

Шокантни детали! Еве што сторила мајката на момчето-убиец од Прилеп

Веста за убиеното 14-годишно момче ја потресе Македонија. Убиството се случи околу 19.30 часот во четвртокот, а во петокот во раните утрински часови, односно околу четири часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода малолетник и В.Т.(21), двајцата од с. Сенокос, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“. […]