fbpx

Мајката на убиеното момче од Прилеп заврши в болница: Потресна изјава, моли за помош

Маријана Димова, мајка на Александар (14) од Сенокос, Прилеп, кој беше свирепо убиен со десет убоди од нож на 29-ти февруари годинава, веќе четири дена е хоспитализирана во прилепската болница.

По траумата која ја доживеа, здравјето нагло ѝ се влошило.

Вели дека не може да се помири со загубата на син ѝ и дека психички сосема паднала.

„Животот на сите дома ни се уништи од корен. Немав повеќе сили да издржам, потклекнав и завршив во болница во саботата. Дома остана сопругот со трите малолетни деца, не знаеме како ќе продолжиме напред. Јас бев единствената од семејството која оди на работа, вработена сум во фабрика во близина на Прилеп, и немам сили да се вратам на работа по она кое ни се случи. Се задолживме за да го погребаме Александар, дојдовме до ситуација да молиме за донации за да ги вратиме долговите, но и за да му подигнеме надгробна плоча каква што заслужува. Сето ова е како еден лош сон од кој не можеме да се разбудиме“, вели Маријана за „Фокус“.

Таа се надева дека 16-годишното момче осомничено за убиството на син ѝ кое е во притвор ќе ја добие заслужената казна. Додека таа со семејството ја чека правдата, хуманите граѓани кои сакаат да помогнат за да ги вратат долговите, но и да му подигнат надгробен споменик на убиениот син, можат да донираат на следната сметка: Маријана Димова, 240 287107700235, Уни Банка.

Следни Објави

Имаше тешка болест, одби да се лекува: Еве од што почина Слаѓана Милошевиќ

На 69-годишна возраст почина авангардната уметница Александра Слаѓана Милошевиќ. Важеше за икона на новиот бран од осумдесеттите во Југославија, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Тажната вест ја потврди нејзината пријателка Билјана Петровиќ. Милошевиќ починала во болница. […]