fbpx

Шокантни детали! Еве што сторила мајката на момчето-убиец од Прилеп

Веста за убиеното 14-годишно момче ја потресе Македонија. Убиството се случи околу 19.30 часот во четвртокот, а во петокот во раните утрински часови, односно околу четири часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода малолетник и В.Т.(21), двајцата од с. Сенокос, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Мајката на убиениот Алекандар открива шокантни детали за она што се случувало откако ѝ го убиле чедото.

Маријана Димова раскажува дека од она кое го дознала, откако го избодел син ѝ со нож, осомничениот малолетник заминал дома, каде живеел сам со мајка му.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Ова е убиеното момче од Прилеп: Мајката со потресно сведоштво

Ѝ кажал што се случило, а таа го зела ножот и го сошила во внатрешноста на една фотеља.

„Дознав дека освен што го пронашле ножот, од полиција нашле и дрога и други ножеви во домот на убиецот, имал и список со имиња на други деца. Како мајка, прашувам, како може неговата мајка ништо да не знаела, зошто ништо не презела ниту таа, ниту пак било која служба, кога и во училиштето тој се однесувал проблематично? Можеше ли ова да се спречи?
Откако мојот син беше убиен, таа не е повеќе во селото, заминала кај роднини. Премногу е тешко, не знам како ќе го надминеме ова, осмо одделение беше Александар, животот беше пред него“, раскажува мајката на Александар за „Фокус“.

Следни Објави

Раскина со водителката Сања, па ја запроси убавата докторка: Аце знае да одбере

Хармоникашот Аца Софронијевиќ се вери со својата девојка, по професија докторка, со која е во врска една година. Како што пишуваат српските медиуми, познатиот музичар веќе закажал и венчавка за почетокот на мај. „Не ме сфаќајте погрешно, но тоа е моја приватна работа и кога ќе сакам да разговарам за […]