fbpx

Нови сознанија за двегодишната Данка, една работа ги збуни сите

Во Виена е видена двегодишната Данка Илиќ во придружба на две Романки, информира српски „Телеграф“.

Полицијата синоќа стапила во контакт со австриските колеги и му ги испратила на Европол сите податоци за девојчето и видеото.

Како што дознава „Телеграф“, интензивно се работи на идентификување и лоцирање на девојчето.

Оваа информација следува шест дена откако целиот регион се крена на нозе во потрагата по девојчето кое исчезна од дворот на куќа во Бањско Поље во Бор.

Полицијата во Србија неуморно работи на расветлување на случајот.

Хеликоптери на МВР вчера го надлетаа поширокото подрачје на исчезнувањето на девојчето.

Специјалистички екипи на српското МВР ја пребараа околината на куќата, тунелот, подземните канали и шахти, како и шумата и не беа пронајдени никакви траги што би упатувале дека девојчето е таму.

Полицијата во петокот отиде со мајката на двегодишната Данка на местото каде што исчезнало девојчето за да им го покаже секој чекор и детаљ од тој ден.

Следни Објави

Марко од Корчагин почина од рак, неговите последни зборови болат

Почина Марко Здравевски, поранешен ученик на скопската гимназија „Корчагин“. Тажната вест ја соопшти и познатата професорка Татјана Алексиќ. -Секој од нас ја носи на плеќи судбината на Марко. Сите ние сме Марко, кој ни остави драгоцена порака: ,,Живејте го животот со полни гради, зграпчете го секој момент и делете го […]