fbpx

Македонија тагува по Дамовска: Нејзината љубов беше безусловна

Професорката од Правниот факултет Иванка Василевска сподели тажна вест на социјалните мрежи.

Таа на својот профил на „Фејсбук“ објави дека починала реномираната педијатарка, д-р Лукија Дамовска, инаку мајка на нејзиниот сопруг, познатиот режисер и продуцент на „Еднооки“ и еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски.

„Со огромна тага и неверување ве известуваме дека синоќа, на клиниката за торакална хирургија се упокои мојата свекрва и мајка, д-р Лукија Дамовска. Д-р Лукија беше и секогаш ќе остане силниот стожер на нашата фамилија. Целиот свој живот го посвети на својата професија и до самиот крај беше активно вклучена во развојот и заштитата на здравјето на децата, бидејќи педијатријата и беше не само професија, туку и животна цел.
Нејзината љубов за своите синови, внуците, за Марија, за Ружица и за мене беше безусловна. Нејзините совети и нејзиниот пример за сите нас ќе останат како непроменлива вистина која секогаш изобилуваше со хуманизам, со алтруизам и со непоколеблива снага дека секогаш мора да се стремиме кон подобро и воедно да простуваме, да живееме спокојно и да му се радуваме на животот.

Нејзиното заминување од овој физички живот не ја менува нејзината сеприсутност, затоа е неискажлива болката што ја чувствуваме од нејзиното отсуство во нашите животи. Слава ѝ! Погребот ќе се одржи утре, на 14 мај, во 12:30 часот, во нејзиното вечно престојувалиште заедно до нејзиниот љубен Ристо Дамовски, на гробиштата во Бутел“.

Следни Објави

Неочекувано! Коста го одбил ОВА, можно ли е?

Не престанува интересот во јавноста за 13-годишниот Коста Кецмановиќ, тинејџерот кој пред неполни две недели тргна во крвав поход во училиштето „Владислав Рибникар“ каде уби осум ученици и вработен од обезбедувањето. По трагедијата која ја потресе и згрози цела Србија, па дури и светот, се појавија различни шпекулации, најмногу поврзани […]