fbpx

Генијален визионер, посветен татко, сопруг и дедо: Кој беше Славчо Сирачевски?

Тажна вест

Со длабока тага Ве информираме дека по кратко боледување, на 25.02.2024 почина Славчо Сирачевски, нашиот сакан и почитуван директор, основач на брендот Аурора, драг и срдечен пријател на многумина, а пред се’ посветен татко, сопруг и особено горд дедо.

Неговата челична посветеност и страст во работењето, неуморниот дух и вербата во тимот кој го предводеше допринесоа кон создавање на еден од најпрепознатливите туристичко-угостителски брендови во регионот, просперирајќи и константно развивајќи се уште од далечната 1990та година.

Благодарение на генијалното визионерство, безрезервнo поддржано од страна на семејството, персоналот и соработниците, АУРОРА денес е лидер во туристичката индустрија во Македонија.

Печатот на неговите принципи и вредности во работењето остануваат втемелени во понатамошното работење на компанијата предводена од неговите наследници.

На нашите пријатели, соработници, ценети клиенти, вработени и сите останати кои на било кој начин се дел од семејството Аурора или биле корисник на услугите, им се заблагодаруваме на досегашната поддршка и лојалност.

Воедно Ве информираме дека во вечно сеќавање ќе го испратиме на 27.02.2024 (вторник) во 12 часот на гробиштата во неговото родно и најдраго БЕРОВО. По тој повод, нашите канцеларии во Скопје (Аурора Турс) како и хотелскиот комплекс во Берово (Аурора Ресорт), овој ден ќе бидат затворени за посетители.

Вечно ќе те носиме во нашите мисли и срца!

Фејсбук-статус/Aurora Tours

Следни Објави

Список за жени: Еве која храна ги намалува менструалните болки, а која ги зголемува

Прехрамбените потреби кај жените се менуваат во текот на менструалниот циклус, а флуктуацијата на хормоните не е единствена причина. Одредени намирници можат да помогнат за грчеви, главоболка, мачнина и замор. Во тој период жените губат и есенцијални минерали и витамини, па потребно е да се надополнат преку адекватна и избалансирана […]