fbpx

Го прашале што е среќа: Неговиот одговор е сѐ што треба да знаете за животот

Во едно интервју, големиот Далај Лама го прашале што најмногу го изненадува на овој свет и што е суштината на животот.

Неговиот одговор ќе ве натера да застанете и да размислите за патот по кој чекорите..

„Она што најмногу ме изненадува е човековата природа. Луѓето го жртвуваат своето здравје за да заработат пари. Потоа парите ги трошат за да си го подобрат здравјето. Луѓето толку многу се грижат за иднината што речиси и да не уживаат во сегашноста. Всушност, тие не живеат во сегашноста или во иднината, живеат како да никогаш нема да умрат, а потоа умираат како никогаш и да не живееле“.

Живееме многу чудно и нелогично. Одиме на работа којашто не ја сакаме за да заработиме пари кои потоа ги даваме на лекување. Кога го работите она што не можете да го издржите, тоа сериозно го нарушува здравјето. Сите тоа го знаеме, но од некоја причина цврсто веруваме дека парите можат да поправат сѐ.

Застанете и размислете! Со парите не можете да купите ниту здравје, ниту среќа. Тоа е единствената вистина за која треба да размислите. Суштината на животот е да се биде среќен.

Сепак, сите наши мисли се преокупирани со материјалното. Понекогаш се чини дека сме на оваа Земја само за да работиме и да заработуваме. На некој начин изгледаме како робови, само што тоа не го разбираме.

Следни Објави

Порасна без родители, болеста го сруши: Ѕвездата од „Жикина династија“ живееше тажно

Легендарниот актер Драгомир Бојаниќ Гидра најпознат по улогата на Жика Павловиќ од „Жикина Династија“, односно од филмскиот серијал „Луди Години“, има навистина интересна животна приказна. Роден е на 13 јуни 1933 година во Крагујевац. Рано останал без родители. Мајка му Новка починала од туберкулоза, а татко му Јован, инаку офицер на […]