fbpx

Мачка на сопственичката ѝ застанала на гради во 4 наутро: Се шокирала кога сфатила што се случува

Били е мачорот која во Англија стана херој пред неполни две години, откако на својата сопственичка ѝ го спаси животот.

Сем Фелстед од Нотингем спиела кога нејзиното седумгодишно милениче во четири часот наутро ѝ срипало на гради. Таа се шокирала кога доживеала необични симптоми кои укажувале на срцев удар. Сфатила дека од силна болка не може воопшто да се сврти на десната страна.

Лекарите ѝ кажале дека доживеала срцев удар во сон и веруваат дека Били ѝ го спасил животот.

„Долго време не можев да се вратам во нормала. Заминав во кревет и се чувствував добро. Немав никаква болка. Одеднаш се разбудив облиена во пот и не можев да се поместам“, раскажа жената тогаш за „Дејли меил“.

На новинарите им откри дека Били ѝ стоел на градите и ѝ мјаукал директно на уво.

„Тоа не е негова вообичаена рутина. Напротив, спие по цели денови и ноќи. Никогаш претходно ме немаше разбудено, никогаш не ме вознемирува. Не ме буди ниту за храна. Мојата мајка, исто така, беше прилично шокирана. Никогаш немав слушнато дека мачките тоа го прават. Драго ми е што така се заврши. Ако го немав него, можеше и фатално да завршам“, се присети сопственичката на сега веќе славниот мачор.

Инаку, лекарите ѝ соопштиле на Сем дека причината за ударот биле запушени артерии и наредните три дена останала во болница.

Експертот за однесување на мачки, Луси Хојл, за „Би Би Си“ изјави дека Били можеби забележал физиолошки промени или промени во однесувањето кај својата сопственичка, поради кои бил нервозен.

„Веројатно ѝ го спасил животот, тоа никогаш нема да го дознаеме со сигурност, но не мислам дека тоа го направил намерно. Тој реагирал на ситуацијата“, изјав тој.

Следни Објави

Се огласи новинарот Фуркан Салиу: Еве што открива за пиштолот и за апсењето

Се огласи новинарот Фуркан Салиу преку официјалната фејсбук-страница на Портал Х. Пишува дека жали што со неговото однесување предизвикал ситуацијата да ексалира, а за пиштолот вели дека има дозвола. „Жал ми е што со моето однесување можеби влијаев ситуацијата да ескалира за да завршам со лисици. Жал ми е и […]