fbpx

Ме нападна свекрвата, па дедото тресна со бастунот: Еве како ме утеши

Жена од Параќин која во куќата живее со сопругот и со неговите родители сподели искуство кое ја потресе јавноста.

Нејзината животна приказна вознемири многумина, а само една личност покажала разбирање за нејзините проблеми.

Вели дека многу ѝ е тешко. Свесна е дека многу брачни партнери живеат под ист покрив со старите, но смета дека нејзиното искуство е нешто за кое не треба да молчи.

„Во брак сме две години и се’ уште немаме деца. Пробуваме, ама неуспешно. Сега почнавме да одиме по доктори, бидејќи неговите ми создаваат огромен притисок. Покрај нас, во куќата живее и сестрата на мажот ми со детето, но и неговата баба. Четири генерации делиме ист простор. Не смеам да се жалам, ништо не ми фали, освен почитување. Работам по цел ден, како и сите, но ми се чини дека јас рмбам најмногу. Золвата и свекрвата ме демнат на секој чекор. Се’ што ќе направам, не чини за нив. И додека сопругот молчи, смета дека тоа е природно, единствено ме штити дедото.

Еднаш тресна со бастунот кога свекрвата ме нападна. Ѝ кажа дека и таа дошла од страна во нашата куќа, но дека никој не ја малтретирал. Веднаш замолкна. Во истиот момент ми потекоа солзи. Заминав во подрумот да се исплачам. Ми се придружи и дедото. Почна да ме теши, ме убевдуваше да не се нервирам, дека се’ ќе си дојде на место кога ќе забременам. Неговите зборови малку ме смирија. Искусен е, а и паметен. Плачам секој ден, но го сакам сопругот и знам дека ќе биде подобро“, ја завршува својата исповед оваа жена.

Следни Објави

Мачка на сопственичката ѝ застанала на гради во 4 наутро: Се шокирала кога сфатила што се случува

Били е мачорот која во Англија стана херој пред неполни две години, откако на својата сопственичка ѝ го спаси животот. Сем Фелстед од Нотингем спиела кога нејзиното седумгодишно милениче во четири часот наутро ѝ срипало на гради. Таа се шокирала кога доживеала необични симптоми кои укажувале на срцев удар. Сфатила […]