fbpx

На снимка од ресторан го видела маж ѝ кој починал пред 9 години: Се шокирала кога го дознала ОВА (ВИДЕО)

Снимка направена на почетокот на оваа година направи хаос во животот на една жена, откако видела нешто што не го очекувала ниту во најголемо лудило. Тотален шок доживеала дури кога почнала да се распрашува..

Видеото снимено во ресторан во англискиот град Вестбурн предизвикало лавина реакции. Сè било добро додека не се појавил еден коментар кој предизвикал мистерија што може да го збуни дури и Шерлок Холмс.

„Колку е стара снимката? Мојот покоен сопруг и неговиот син се на почетокот на видеото. Мојот сопруг почина во 2014 година“, прашала Луси Вотсон.

Експресно добила одговор, но мистеријата дополнително се продлабочила.

„Здраво Луси. Жал ни е што го слушаме ова. Снимката е направена минатата недела“, ѝ реплицирале.

Видеото од индискиот ресторан „Спејс Котиџ“ било објавено на 16 јануари.

„Нова година и ново расположение! Во текот на изминатите неколку недели, работевме напорно за да го направиме нашето искуство со јадење уште понезаборавно. Придружете ни се за совршена комбинација на извонредни вкусови со класични и уникатни јадења инспирирани од древните семејни рецепти“, стои под објавата.

Луси Вотсон од Емсворт за локалните медиуми изјавила дека е 99 отсто сигурна дека нејзиниот сопруг е на видеото.

„Го видов уште на почетокот на снимката. Мојата прва реакција беше: „Тоа е Хари“, рекла Луси.

Новинарите се заинтересирале дали ја вознемирил одговорот дека видеото е снимено дури минатата недела.

„Не, ама збунета сум. Едноставно не разбирам“, рекла Луси.

Стотици корисници го коментираат случајот на „Фејсбук“, а многумина имаат свои теории за тоа како покојниот сопруг на Луси се појавил на видеото. Многумина сугерираа дека неговото појавување е дел од морбиден ПР трик, но има и такви кои се уверени дека ја лажирал сопствената смрт.

Следни Објави

Утре е Света Петка, чуда се случуваат: Едно нешто не смеете да правите

На 8 август се празнува Света Петка-Летна. Неа ѝ е посветена црквата во долниот дел на скопската населба Црниче. Била од словенско потекло, од градот Епиват, меѓу Салинаврија и Цариград. Родителите и биле имотни и побожни христијани. Таа живела со нив до нивната смрт, а потоа заминала за Цариград, а […]