fbpx

Македонската публика го памети по омилените серии: Почина познатиот актер, сопругата ја соопшти тажната вест

Познатиот мексикански актер Алфонсо Итуралде почина на 74-годишна возраст.

Неговата сопруга, актерката Росалба Брамбила, ја сподели тажната вест на социјалните мрежи потврдувајќи дека нејзиниот сакан се упокоил на 24 јули.

„Сакам да му се заблагодарам на прекрасните ќерки кои Бог ми ги даде со него. Му се молам на Господ да ми го чува таму горе на небото. Конечно го пронајде својот мир“, напиша, меѓу другото, таа.

Од Алфонсо се прости и Националната асоцијација на актери.

„Наше длабоко сочувство до семејството, пријателите и колегите. Почивај во мир“, напишаа оттаму.

Алфонсо се стекна со светска слава играјќи во повеќе хит-теленовели. Првата позначајна улога ја оствари во серијата „Домот што го украдов“, а нашата публика го памети по улогите во сериите „Марима“, „Вина“, „За твојата љубов“, „Другата жена“, „Љубовта е коцкање“, „Бунтовници“, „Грдо лето“, „Проколната убавина“, „Во име на љубовта“..

Итуралде позади себе остави четири деца. Почина во Мексико Сити.

Следни Објави

Проверете си ги сметките! Радувајте се, конечно убава вест: Парите се префрлени!

Радувајте се, убава вест за вас На илјадници македонски граѓани кои скенираат фискални сметки, од вчера почна да им пристигнува прилив од повратот на данок преку проектот Мој ДДВ за второто тромесечие. Од неодамна илјадници граѓани преку скенирање на сметки може да добијат до 2.100 денари за едно тромесечие, или […]