fbpx

Попоски: Екстремно топло со температури до 43 степени, еве до кога!

Конечно влегуваме во подолг период на стабилно, суво и на претежно сончево време, со слаб до умерен, а утре повремено засилен ветер од северен правец, најавува Славчо Попоски.

„Најпогодени од очекуваниот екстремно топол Африкански бран следната седмица ќе бидеме токму ние, како и соседна Грција. Кај нас и тоа особено од среда па натаму, температурите на многу места ќе надминуваат 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели локално температурата ќе се искачу дури до 43 степени. Уште потопло ќе биде во соседна Грција, каде локално температурите ќе се искачат дури до рекордни 46-47 степени“, пишува Попоски на својот сајт.

УВ-индексот следната седмица ќе има екстремно висока вредност (коефициент помеѓу 9 и 10).

Времето ќе биде спарно и мрачно, па тој апелира граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, и кога сонцето е најсилно, но и да пијат што повеќе течности.

Екстремно топлиот Африкански бран кој ќе не’ зафати, кај нас ќе се задржи најмалку една недела.

Во Скопје и околината за време на овој голем топол Африкански бран температурата ќе се искачи до 41 степен.

Следни Објави

Радувајте се! Конечно убава вест! Средствата ќе ви бидат префрлени, но само ако сте припадници на овие два знака

Дознајте кои два хороскопски знаци ги очекува во наредниот период дополнителен прилив на средства. Иако можеби ви се чини дека годинава ви почна тешко на финансиски план, сепак според хороскопот до крајот на годината овие два знаци ќе се збогатат! БИК Биковите никогаш нема да започнат работа која детално не […]