fbpx

Не водел љубов со жена му 11 години: Се стаписал кога открил што прави секоја ноќ

Очаен маж одлучи јавно да побара совет од терапевт. Неговиот проблем е специфичен, иако во поблага варијанта се јавува кај се’ повеќе брачни двојки.

Тој тврди дека е во тотална депресија. Како што вели, работи само колку да си ги плати сметките и тврди дека во неговиот живот нема повеќе забава, ниту интимност.

„Имам 37 години, а сопругата 34. Не сме воделе љубов 11 години, откако се роди нашата ќерка. На почетокот ми беше сосема разбирливо бидејќи тоа е нормална работа по раѓањето, но нејзе никогаш не ѝ се врати желбата за се*с“, раскажува овој Британец.

Секогаш кога ќе ѝ предложел да водат љубов, таа грубо го одбивала, па по некое време престанал да се обидува. Најлошо од се’ е што повеќе не ја сака жена му и, како што вели, не гледа никаква иднина со неа.

„Постојано се караме за најглупави работи и сигурен сум дека тоа е поради насобраната фрустрација. Работите да бидат уште полоши, случајно открив што прави секоја вечер кога ќе заспијам, што обично е околу полноќ. Зборува со другарките на „Фејсбук“ и постојано се жали од мене и како не ја оставам на раат со тој мој се*с. Изгледа дека јас сум некој силеџија што ја тера да водиме љубов“, очаен е тој.

Во продолжение одговорот од терапевтот:

„Кажете ѝ на сопругата дека вашиот брак не може да опстане под овие услови и дека постојаните кавги не се добри за вашата ќерка. Инсистирајте да работите заедно за да си ја обновите врската, поработете на се*суалната хемија или договорете се да се разделите што е можно помирно“.

Следни Објави

Била на пикник со татка си и со другарка: Видела предмет, сега не зборува со двајцата

Многу луѓе имаат потреба да ги раскажуваат своите трауматски искуства на социјалните мрежи и да се исповедаат на непознати, а тоа го направи и Отон Енкерич, 21-годишна девојка од Оклахома која води свој дигитален дневник на популарната платформа „Тик Ток“. За жал, нејзе ѝ се случило сериозно семејно разочарување од […]