fbpx

Ѝ дошол на свирка, по неполна година се земале: Оваа наша пејачка ја има најубавата љубовна приказна

Повозрасните ја паметат од времето на „Багаж“, бендот со кој го сними евергринот „Името твое“.

Наташа Малинкова е македонска пејачка со една од најинтересните љубовни приказни на естрадата.

Со нејзиниот сопруг Кире се запознале во ноќен клуб во Кавадарци во периодот кога таа имала редовни настапи токму со групата „Багаж“. 

Во истиот момент почувствувале хемија, почнале да излегуваат и по неполна година одлучиле врската да ја официјализираат.

„По една година се роди нашата прва ќерка Султана, а дури една деценија подоцна ја добивме и Емилија“, откри Наташа во едно интервју.

Сопругот на Наташа потекнува од музичко семејство. Во адолесцентните години бил диџеј.

Двојката живее во Кавадарци каде е посветена на семејниот бизнис. На Наташа не ѝ пречи што кариерата ја гради од внатрешноста. 

„Си го сакам родниот крај, тоа е едно преубаво место за живеење. Народот е гостопримлив и топол, лесно функционирам тука, а сум на само сто километри од главниот град“, појасни таа во една прилика.

Следни Објави

Животен пресврт до 30 април за овие хороскопски знаци

Ги очекува голема промена и на професионален и на личен план. Некои од нив конечно ќе ја променат и адресата на живеење. Оние кои одамна си посакуваат, конечно ќе основаат семејство. Може да очекуваат и неколку неочекувани, но крајно возбудливи патувања. Рак Убави работи ќе им се случи во втората […]