fbpx

Скромна е, не ги сака парите на тато: Која е ќерката на Саша Поповиќ? (ФОТО)

Ќерката на директорот на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ, која не сака да се експонира во јавноста порасна во вистинска убавица.

Александра која се откажа од студиите по продукција, воопшто не покажува интерес за шоубизнис. Таа заврши курс за маникир, па одлучи кариерата да ја продолжи во светот на козметиката.

„Ѝ купивме стан и дуќан во блокот кај што градам, таму ќе ѝ биде салонот. Не ја интересираат пари, скромна е, дури се чудиме од кого ја наследила таа особина“, се пошегува Поповиќ за српски „Курир“.

Александра не е многу активна на социјалните мрежи, а во неколку наврати е видена на „сториња“ кои ги објави познатиот режисер и фотограф Дејан Миличевиќ.

Дека не сака помпезни работи, докажала и со нејзината роденденска забава со која прославила полнолетство.

Иако Поповиќ со сопругата Сузана Јовановиќ сакале да ѝ организираат гламурозен настан, таа сепак се одлучила за многу поскромно одбележување на денот.

„Александра не пие, не пуши, не се дрогира и не носи пирсинзи. Дури и не излегува навечер“, изјави Саша во едно интервју.

Следни Објави

Со години го криеше: Еве како денес изгледа синот на Дорис Драговиќ

Порасна далеку од камерите и публиката речиси и да немаше можност да го види Легендарната хрватска пејачка Дорис Драговиќ успеа својот приватен живот да го сочува далеку од очите на јавноста. Така, многу малку се знае за нејзиниот син кој го доби со поранешниот ватерполист Марио Будимир. Борна денес има […]