fbpx

Лепенките на бананите не се случајни: Кога ќе слушнете што значат, секогаш ќе ги проверувате

Сигурно сте забележале дека на бананите, но и на другите овошки често им се ставаат лепенки на нивната кора. Генерално, луѓето ги тргнуваат пред да ги јадат, но никој не обраќа премногу внимание на нив, а за повеќето тоа е само обично име на производителот.

Сепак, тие можат да носат важна порака! Освен името на произведителот, на декларациите според правилниците за квалитет, би требало да се наведени броеви кои пред се’ откриваат на кој начин тоа овошје е всушност посеено.

Четири броеви на лепенката

Доколку на декларацијата покрај името се наведени и четири броеви кои почнуваат со 3 или 4, треба да имате в предвид дека тоа е банана (или друг вид намирница) одгледувана со вештачко ѓубре. Така на пример, лимунот е означен со 4033, додека бананите имаат броеви 4011.

Пет броеви

Ако на намирницата има декларација со пет броеви од кои првиот е бројот 9, треба да знаете дека истата е од органско потекло, поточно дека не е прскана со пестициди.

Првиот број е Осум

Почетниот број 8 на декларацијата ви испраќа многу вознемирувачка порака, а тоа е дека таквата намирница е гентески модифицирана (ГМО). Таквите банани имаат лепенки со бројот 84011.

Следни Објави

Сте си го гризнале јазикот? Отворете очи, лошо ви се пишува

Веќе знаете колку може да биде незгодно и болно кога ќе си го гризнете јазикот. Приказната, сепак, има и друга страна-старо верување зошто оваа појава не е добар знак.. Според првото верување, кога ќе го гризнете јазикот, тоа значи дека некој од вашата околина ве лаже за важни работи. Затоа […]