fbpx

Овие лица не смеат да јадат лубеница: Може да е погубна за здравјето, еве и зошто

Лубениците содржат големо количество ликопен, хидратираат и помагаат во слабеењето. Во лето, на високи температури, нашето тело губи многу вода, а ова овошје е одличен начин за хидратација и освежување во текот на денот. Покрај сето тоа, вкусно е.

Лубеницата има висока хранлива вредност, хранлива е и не дебелее, што ја прави корисна храна за слабеење. Освен тоа, благотворно делува и на целокупното здравје-на срцето, бубрезите, крвниот притисок.. Содржи влакна кои го помагаат варењето и го поттикнуваат метаболизмот. Бонус е и тоа што ги чисти бубрезите.

„Лубеницата е овошје кое речиси целосно се состои од вода. Ако го консумирате во поголема количина, ќе предизвикате диуретично дејство. Ако човек има песок во бубрезите или камења, помага за нивно исфрлање Треба да се запомни дека зрелите лубеници се најкорисни“, појаснуваат експертите.

Се препорачува за речиси сите, вклучувајќи ги и луѓето кои страдаат од дијабетес, иако им се советува да имаат контролиран внес поради високата содржина на шеќер.

Сепак, постои група на луѓе на кои не им се советува да го јадат ова овошје. Станува збор за луѓе кои се склони кон оток и формирање на едем. Во овој случај, потребно е прво да се консултирате со општ лекар, а потоа да се утврди причината за отокот-дали се работи за срцева слабост или патологија на бубрезите.

Исто така, лекарите не препорачуваат да се консумира по 19 часот, бидејќи содржи одредена количина киселини, кои можат лошо да влијаат на дигестивниот процес, особено ако порано легнувате.

Колку и да е лесна и водена, лубеницата може да биде тешка за стомакот и да предизвика надуеност, особено ако се јаде пред спиење. Кога телото не е активно, не може доволно брзо да ја „обработи“ лубеницата. Познато е дека варењето навечер се забавува, што може да доведе до болки во стомакот, надуеност и непријатност.

Следни Објави

Јутјубер бил во подморницата на смртта: Покажа како изгледа внатрешноста, со него бил и еден од починатите (ВИДЕО)

Извесен јутјубер под псевдонимот Скуба Џејк бил во подморницата Титан пред таа да потоне во длабочините и имплодирала. Скуба објави снимка од „Оушн Гејт“ на подморницата Титан како и самото качување неколку недели пред трагедијата, на „Мисија III“. Неговата експедиција на крајот беше откажана поради неочекувани проблеми. Трагедијата во која […]