fbpx

Знаеше дека ќе умре, беше загрижен за трите сина: Почина омилениот водител

Почина познатиот британски водител Џони Ирвин на 50-годишна возраст.

Ирвин неодамна ги расплака фановите откако објави дека според наодите на лекарите „му се одброени деновите на овој свет“.

Џони се бореше со рак во терминална фаза кој му се прошири на белите дробови.

Ова познато ТВ-лице последните месеци од својот живот ги посвети неговата приказна да биде мотив луѓето повеќе да го ценат животот и блиските околу себе.

Како што раскажа, првпат забележал дека нешто не е во ред во авгст 2020 година кога одеднаш почувствувал дека го губи видот додека се возел во својот автомобил.

„Се’ се одвиваше брзо. Прогнозите беа катастрофални. Уште потешко беше да ѝ ја соопштам тажната вест на сопругата која во тој момент ги чуваше нашите штотуку родени близнаци. На жената што ја сакам требаше да ѝ соопштам дека ќе остане сама. Се’ што можев да направам е да ѝ се извинам. Се чувствував одговорен за тоа што се случува“, раскажа популарниот водител.

Близнаците Рафа и Кормак неодамна наполнија четири години, а двојката го има и петгодишниот син Рекс.

На почетокот, Џони инсистираше за болеста да не зборува јавно.

„Сепак, стигнав до степен да се чувствувам дека имам некоја валкана тајна, како да имам невидлив товар на плеќите. На многу други луѓе деновите им се броени, па време е да научиме сите заедно како да го искористиме секој ден на најубав можен начин, како да живееме подобро, дури и кога знаеме дека умираме“, говореше Ирвин.

„Сега сакам да правам планови секој ден. Сакам да градам спомени, бидејќи реалноста е таква.. Децата ќе ми пораснат, а нема доволно да го познаваат својот татко, па тоа ми го крши срцето“, велеше тој.

Следни Објави

До 11-ти февруари: Неочекуван прилив за овие хороскпоски знаци

Три хороскопски знаци до 11-ти февруари значително ќе си ја подобрат финансиската состојба.  За овие луѓе следуваат убави вести, се’ ќе им појде од рака. ЈАРЕЦ По 11-ти февруари може да се надевате на неочекуван прилив на пари. Игрите на среќа дефитивно ќе ви донесат добивка која ќе реши голем број […]