fbpx

Жена му го остави да умре како пес: Додека се распаѓаше, таа го тепаше и изневеруваше

Патрик Свејзи почина на 14 септември 2009 година на 57-годишна возраст од рак на панкреасот и зад себе остави милиони фанови со скршено срце. Неговата животна приказна е полна со шокантни детали, а неговите последни денови биле како хорор филм

Борбата на холивудскиот заводник со ракот на панкреасот започна кон крајот на 2007 година, кога забележал дека нешто не е во ред за време на новогодишната забава со неговата сопруга, писателката Лиза Ниеми.

Неговите пријатели велат дека таа била лоша и непресметлива личност која го држела во заробеништво и го третирала како затвореник, што било повеќе од поразително со оглед на неговата богата кариера и брилијантните улоги по кои се прослави.

„Патрик, кој поради нејзинта немарност спадна на само 40 килограми, никој не смееше да го посети“, вели пријател на актерот во една прилика.

Тој тврди дека ѕвездата на „Валкан танц“ бил навредуван, тепан и изневеруван и со жени и со мажи од страна на Лиза, а таа го држела и во домашен притвор.

„Дон, помладиот брат на Патрик, се грижеше за него кога можеше. Но, кога не беше во градот, Патрик ѝ беше препуштен на Лиза која воопшто не се грижеше за него. Дон, кога се враќаше од пат, Патрик го наоѓаше како лежи во сопствените урина и измет“, раскажува пријателот за американскиот портал „Радар онлајн“.

Друг извор за истиот портал тврди дека Лиза со години управувала со парите на Патрик и му наредувала кои улоги да ги прифати, а кои не.

Патрик Свејзи страдал и наводно по секоја цена останал со неа затоа што го уценувала дека ќе ѝ ги открие сите семејни тајни на јавноста.

Следни Објави

Пораснаа децата на Антонио Милошоски (ФОТО)

Поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, со една фотографија на социјалните мрежи ги разнежни своите следбеници. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ сподели семејна фотографија на „Фејсбук“ со сопругата и нивните пет деца која собра илјадници лајкови. „Дамите: Симона, Дариа, Михаела и Илина. И мажите: Давид, Филип и Антонијо Милошоски“, напиша Милошоски […]