fbpx

Марија е во брак со 40 години постар маж: Не, не е богат!

Поради нејзината врска со дури 40 години постар маж, Марија постојано се соочува со невкусни коментари на социјалните мрежи

Марија Едуардо Дијас (23) почнала да се забавува со Никсон кога таа имала едвај 16, а тој дури 57 години, а во меѓувреме станаа и родители.

Марија раскажува дека не може да ги разбере предрасудите со кои нејзиното семејство се соочува, особено откако создала профил на „Тик Ток“ и ја објавила веста за нивната венчавка, но и за бременоста.

„Помислив дека сите ќе бидат воодушевени од нашата љубовна приказна, но се излажав. Среќни сме и успешни, создадовме преубаво семејство и никој нема право да не’ омаловажува. Да живее љубовта! Сакајте се! Престанете да ширите омраза и зло!“, им порача таа на своите следбеници.

И нејзиниот сопруг уверува дека ништо не може да им ја расипе љубовта.

„Јас не сум богат, како што многумина знаат да кажат дека Марија е со мене само поради некаква финансиска стабилност. Таа никогаш не се интересирала за моите пари“, вели тој.

Двојката се запознала во 2015 година кога Никсон работел како фотограф. Марија го контактирала на „Фејсбук“, но пораката била чисто деловна-да ги слика пејачите во клубот во кој работела во тоа време. Брзо се спријателиле, а уште побргу и се вљубиле.

По само три години тие се соочиле и со првиот посериозен животен предизвик кога на Никсон му бил дијагностициран рак на дебелото црево.

„Лекувањето беше успешно. Благодарение на Марија, престанав да ги консумирам таблетите за депресија“, завршува среќниот сопруг и татко.

Следни Објави

Оваа жена не користи греење, но никогаш не ѝ е ладно: Еве што ве советува!

Една жена на „Тик Ток“ го сподели нејзиното искуство како некој кој веќе четири години не користи греење. Клер де Лис нагласува дека воопшто нема потреба да го загрева станот. Но, што всушност прави и како ѝ успева? Таа тврди дека „цаката“ е во основните работи, како на пример, во […]