fbpx

Автомобилот е уништен: Македонската пејачка доживеа тешка сообраќајка

Марија Тодоровска, македонската пејачка која публиката ја препознава под уметничкото име Марија Луиса, доживеа тешка сообраќајна несреќа.

Автомобилот е уништен, барем според фотографиите што самата ги објави на социјалните мрежи.

„Штом ова го преживеавме, ќе преживееме се’ во животот, сестричке“, напиша таа на „Инстаграм“ означувајќи ја на „сторито“ нејзината блиска пријателка.

Со своите фанови Луиса сподели и како се опоравува по несреќата.

Мариа Луиса е наша пејачка која обожува да позира разголена. Провокативните фотографии ѝ се заштитен знак, а судејќи по неколку слики на кои наидовме, таа е и вистинска ѕвезда во македонските кафеани.

Ја нарекуваат македонската Северина. Порталите лани пишуваа за нејзина наводна приватна снимка со поранешното момче, па веројатно оттаму и споредбата со хрватската поп-ѕвезда.

Следни Објави

Се ожени Горазд Чепишевски: Синот на познатата македонска двојка ја круниса љубовта

Се ожени Горазд Чепишевски, македонскиот пливач со неколку државни рекорди. Убавата вест беше објавена на фан-страницата на неговата мајка, универзитетската професорка и книжевна критичарка Весна Мојсова-Чепишевска. „Горазд и Марија со своето одлучно „да“ ја крунисаа својата љубов! Бескрајна радост во семејството на Весна Мојсова-Чепишевска“, пишува во објавата проследена со две […]