fbpx

Се огласи сопругот на Драгана Мирковиќ: Тврди дека не се развеле, проговори и за аферата

Тони Бијелиќ преку адвокат ги демантира гласините дека веќе е разведен со Драгана Мирковиќ.

„Тони Бијелиќ не е поранешен сопруг на Драгана Мирковиќ“ и „Тони Бијелиќ не е во никаква прељубничка афера со Мелина Џиновиќ и не отпатувал поради неа во Монако“, се дел од речениците кои се наведени во демантот на познатиот бизнисмен.

Драгана Мирковиќ пред два месеца потврди дека се разведува по 24 години брак.

„Како некој кој целиот свој живот го заснова на чесност, чувствувам морална обврска денеска да ѝ се обратам на јавноста. Со голема тага морам да ве информирам дека поднесов барање за развод“, ја почна тогаш својата исповед.

Во истото обраќање призна дека нејзиниот однос со Тони веќе подолг период бил нарушен.

„Последните три години практично водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така сум воспитана, направив се’ за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Меѓутоа, со текот на времето, таа празнина стана поголема и сфатив дека повеќе им нанесуваме штета на нашите сакани со тоа што насилно остануваме во нешто што долго време не функционира“, раскажа пејачката.

Драгана нагласи дека секогаш ќе останела доследна на своите животни принципи.

„Останувам доследна на моите принципи, на мојот начин на живот, исто како што останувам верна на моето семејство и на мојата публика. И секогаш ќе имам почит кон Тони како татко на моите деца и некој со кого поминав многу убави години“, изјави таа.

Пред да се заколне на вечна љубов со Бијелиќ, на врвот од популарноста, Драгана љубеше еден друг бизнисмен кој се бавеше и со политика, а на фолк-ѕвездата не ѝ беше само момче, туку и нејзин менаџер.

Станува збор за Зоран Башановиќ кој во едно интервју од 2010 година откри дека не е повеќе во контакт со Драгана, но и призна дека во една прилика тајно се венчале.

„Многу време поминувавме во странство. Кога не работевме, гледавме да отпатуваме што е можно подалеку, бидејќи единствено таму имавме раат. Постојат туристички венчавки на далечни дестинации и острови каде луѓето се земаат на шега. Така направивме и ние во една капела во Лас Вегас, по примерот на многу познати двојки, но таа венчавка никаде не е заведена и не важи. Ете така Драгана се омажи за мене“, откри Башановиќ кој имаше кратка романса и со нејзината колешка Мира Шкориќ.

Мирковиќ се омажи за Бијелиќ во 2000 година без големо медиумско внимание. Двојката има две деца, ќерката Мануела и синот Марко.

Следни Објави

Популарeн пејач убиен во Скопје: Детали за трагедијата

Амар Исмани е 29-годишниот пејач од Скопје кој настрада во синоќешното пукање на Пластичарска улица, дознава ТВ21. Станува збор за естраден уметник кој ужива голема популарност на социјалните мрежи со над 300 илјади следачи на „Инстаграм“. Според последните информации, прво избувнала тепачка меѓу неколкумина млади луѓе, а потоа дошло до […]