fbpx

Таа го има најлошиот развод во историјата: Нејзината ќерка ја знаете сите

Пејачката на народна музика, Верица Шерифовиќ, има бурно и тешко минато.

Ѝ се случи фатална тинејџерска љубов, па го напушти средното образование. Пред пет години, пак, се соочи со рак на дојка, но успеа да ја победи болеста.

Мајката на евровизиската победничка Марија Шерифовиќ во едно постаро интервју отворено зборуваше за својот брак, а како главни проблеми ги наведе алкохолот и комарот.

Додека живеела во заедница доживеала психичко и физичко насилство, но издржала сѐ за доброто на својата ќерка. Верица во еден момент сакала да го остави тогашниот сопруг, но поради еден негов потег бргу се предомислила.

Таа поднела документи за развод, но тој имал врски во Крагуевац и успеал да договори Марија да му припадне нему.

„Доживеав нервен слом. Но, морав да попуштам. Бев само дете од 18 години. Криев за траумите од родителите. Да дознаеше татко ми, ќе го расчеречеше“, се присетува таа.

Верица раскажа дека сите го сакале Рајко зошто бил дружељубив, но кога ќе се напиел две-три ракии, се претварал во ѕвер.

„Одлучив кога Марија ќе заврши гимназијата, да го окончам тој мизерен брак. Мислам дека го имав најлошиот развод во историјата“, призна таа.

Рајко сакаше да се коцка и должел пари на повеќе места. Верица тоа го искористила како предност.

„На шега му реков дека ќе му дадам 1.500 марки, но да потпише спогодбен развод. Само ме погледна, викнав адвокат и си ги зема парите“, откри Верица.

И покрај лошото минато, по разводот пејачката, сепак, остана во добри односи со него.

Следни Објави

Каква храна: Еве од што ослабна Алачки

Адријана Алачки пред една деценија драстично олабна и низ годините успеа да си ја задржи линијата. Популарната пејачка и авторка на телевизискиот проект „Вкусот на традицијата“ во една прилика кажа дека се храни умерено, но дека од ништо се нема откажано. Алачки откри дека тајната е во менталното здравје, а не […]