fbpx

Неочекувана одлука по разводот со Анета: Џими од „Молика“ со јасна порака

Анета и Џими Мицевски од групата „Молика“ важеа за една од најскладните двојки на естрадата, но по 22 години заеднички живот лани тие одлучија да се разделат.

И додека Анета, која веднаш го промени презимето на социјалните мрежи и сега се потпишува како Љумаковска, често објавува мотивирачки пораки на својот профил, Џими очигледно сега конечно има доволно време да ѝ се посвети на вистинската љубов-рекреативниот мотоциклизам.

За оваа негова страст познатиот музичар проговори и во шоуто на битолскиот јутјубер Мими Марковски каде зборуваше и на други теми. Токму во оваа емисија Џими ја откри својата неочекувана одлука, а тоа е дека има намера предвреме да се пензионира.

„Кога другарите мои шетаа по корзо, бркаа женски, јас со бела кошула морав, и со црни панталони.. Значи бев дете, а морав да работам. Ама, затоа, пак, сега ќе одам предвреме во пензија“, изјави тој.

Што се однесува до разводот со Анета, тој претходно кажа дека не се ни први, ни последни.

Анета и Џими имаат возрасна ќерка која студира и живее во Германија. Анета му е втора сопруга на Џими, а тој од предходниот брак има син кој е исто така музичар.

Следни Објави

Доктор доби отказ откако спаси детски живот: Се дозна причината, па изби голем скандал

Приказната за овој доктор кој со својата храброст и умешност спаси живот на мало дете се претвори во болнички скандал. Сепак, кога инспекторите ја открија причината за неговото ненадејно отпуштање, целата ситуација доби неочекуван пресврт Приказната за д-р Ален Мичел, познат хирург, стана симбол за храброст и неправда. Почитуван поради […]