fbpx

Анета од „Молика“ со важна одлука по разводот: Пејачката ги изненади сите

Разводот на Анета и Џими Мицевски, познатата естрадна двојка од групата „Молика“, се’ уште е топ-тема во медиумите.

По 22 години заеднички живот тие одлучија да се разделат, но ќе продолжиме да ги гледаме на иста сцена до август наредната година до кога веќе имаат договорено настапи и мораат професионално да ги одработат.

Анета веќе го промени и презимето на социјалните мрежи и сега на „Инстаграм“ се потпишува како Љумаковска. Откако јавноста дозна за разводот, таа секојдневно објавува мотивирачки пораки на својот профил.

„Се’ на овој свет е привремено. Животот се менува. Луѓето доаѓаат и си одат. Ниту годишните времиња не траат вечно. Затоа, без разлика низ што поминуваш во моментов, не заборавај дека твојата моментална ситуација не е твојата последна дестинација. Не се предавај!“, е последниот инспиративен говор кој Анета го сподели.

Во меѓувреме, се огласи и Џими.

„Вистина е. „Молика“ ќе продолжи, бидејќи имаме договорени настапи до следната година во август. Не сме ни први, ни последни. Разводот е во постапка, а за останатото и причините не мора да се коментира. „Молика“ ќе продолжи да си работи, а Анета ќе биде со групата, тоа е нејзин избор“, порача Мицевски за порталот „Вистина“.

Анета и Џими се заколнаа на вечна љубов пред повеќе од две децении. Имаат возрасна ќерка која студира и живее во Германија. Анета му е втора сопруга на Џими, а тој од предходниот брак има син кој е исто така музичар.

Следни Објави

Коста наполни 14 години: Откриена најголемата мистерија за момчето убиец

Коста Кецмановиќ денеска има роденден, пишуваат српските медиуми. Момчето кое на трети мај годинава тргна во крвав поход во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград и уби девет ученици и вработен од обезбедувањето наполни 14 години. Како што е веќе познато, денови пред злосторството детално го истражувал Кривичниот законик на интернет […]