Разводот на Анета и Џими Мицевски, познатата естрадна двојка од групата „Молика“, со месеци е топ-тема во медиумите.
Првпат во кариерата, Анета гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“ и пред камера проговори за разделбата со Џими.
„Така требало да биде. Не сме ни први, последни. Ништо не е без причина“, ја почнува таа својата исповед.
Новинарот на „Бекстејџ“ директно ја праша дали причина за разводот е неверство од нејзина страна, на што таа кратко му одговори дека се’ што треба да се дознае, ќе се дознае.
„Со некого се разидуваш и поради губење на чувства, други проблеми во фамилијата, не мора да значи дека секогаш е во прашање неверство“, нагласува таа.
Анета, сега Љумаковска, вели дека никогаш не се врти назад и дека конечно е подготвена да го живее животот онака како што таа вистински заслужува.
Двојката има возрасна ќерка која студира и живее во Германија. Анета му беше втора сопруга на Џими, а тој од предходниот брак има син кој е исто така музичар.