fbpx

Среде битка со ракот, се врати во голем стил: Прво појавување на Кејт Мидлтон по дијагнозата

Со учество на годишната парада „Поздрав на боите“, со што се одбележува роденденот на кралот Чарлс, Кејт Мидлтон денеска првпат се појави на јавен настан, речиси по половина година откако ѝ беше дијагностициран рак.

Принцезата од Велс блесна пред камерите облечена во бел фустан со црни детали.

„Стајлингот го комплетираше со црно-бела капа Philip Treacy и бисерните обетки Cassandra Goad кои чинат 6.061 долари, пишува „Пејџ сикс“.

Нидлтон за оваа прилика одбра црна клач чанта „Mulberry“ од 750 долари , како и брош што го претставува симболот на ирската гарда на која принцезата е почесен полковник.

Синоќа Кејт Мидлтон преку писмо објавено на социјалните мрежи проговори за своето здравје и откри како се чувствува во „лошите денови“. Повеќе за ова нејзино обраќање читајте ОВДЕ!

Следни Објави

Во Македонија доживеал пекол, сè се случило во албанските села: Чолиќ за притворот

Здравко Чолиќ со децении е еден од најпочитуваните пејачи од овие простори, а ретко кој знае дека еднаш завршил во притвор Славниот Чола сакал да стане бизнисмен во средината на 80-тите. Имал идеја која почнал да ја спроведува, но поради тоа доживеал несреќа поради која завршил кај судија и добил […]