Со месеци најозборуван криминалец на овие простори е Вељко Беливук многу попознат како Веља Неваља.
Ѕверските убиства кои му се припишуваат досега беа карактеристични само за мексиканските нарко-картели и за исламските терористи, па јавноста сериозно се вознемири.
Српските медиуми почнаа секојдневно да копаат во минатото на Невоља, а неговото име го поврзуваа и со повеќе естрадни личности.
Познатите старлети Тијана Ајфон и Мими Оро наводно не се единствените „селебрити“ кои наводно биле на платен список кај Беливук и одработувале за него по потреба. Наводно и други ѕвезди пренесувале дрога и переле пари за неговата криминална банда.
Меѓу нив е и пејачката Ана Николиќ која ја поврзуваа со обвинителот Томо Зориќ кој наводно во повеќе наврати ја злоупотребил службената должност за да ги заштити интересите на Беливук.
Невоља го поврзуваа и со соработници на фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ, со раперот Стефан Ѓуриќ Раста, но и со еден од најпопуларните јутјубери во регионот, Богдан Илиќ чие уметничко име е Бака Прасе.
Беливук и неговите соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.