Семејна трагедија ги потресе сите
Олег Драчев, 40-годишен маж од Москва на кој му бил дијагностициран рак на мозокот во терминална фаза, си го убил малолетниот син.
Причината е бизарна. Сметал дека кога ќе умре, неговата жена нема да може самата да се грижи за нивното 13-годишно дете, пренесуваат руските медиуми.
Му забил нож во градите додека синот спиел во семејниот дом, неколку дена откако лекарите му ја потврдиле дијагнозата.
Според првичните информации, Олег посегнал и по животот на сопругата, но таа успеала да се заклучи во тоалетот и да ја повика полицијата.
Роднините и соседите се во шок, велејќи дека ги познавале како среќно семејство. Олег работел како инжинер за дизајн и секое слободно време го поминувал со синот.
„Заедно одеа на планинарење и на пливање, заедно ја направија и куќичката за нивното куче“, раскажуваат соседите.
По приведувањето, Олег го признал делото. Тој, исто така, навел дека не гледал решение како неговата жена ќе ја отплаќа хипотеката и како ќе се грижи самата за синот.
Моментално се наоѓа во психијатриската болница во Москва под силно полициско обезбедување.
Фото: Профимедија
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.