fbpx

Жена почина откако изела лубеница: Не можела да престане да повраќа, ѝ немало спас

Жителка на Москва (47) починала откако изела лубеница што ја купила во близина на една од метро-станиците во главниот град на Русија.

Локалните медиуми јавуваат дека почнало да ѝ се гади и да повраќа откако го изела овошјето, но одлучила да не бара лекарска помош. Дури следниот ден мајката на починатата решила да повика брза помош, но лекарите не можеле повеќе ништо да направат.

Засега не е позната причината за смртта.

Локалните медиуми потсетуваат дека на 22 август судот во Москва го осуди Антон Котов на пет години затвор за смртта на две лица кои јаделе лубеница што тој ја одгледувал на неговата фарма.

Баба (61) и внука (15) починаа на 10 септември 2021 година, како последица на труење откако јаделе лубеница што ја купиле во Магнит во Москва.

Надлежните утврдиле дека причина за труењето е инсектицидна материја која се користела за одгледување на бостанот. Обдукцијата исто така потврди дека во телата на двете жртви се пронајдени етилен гликол и цигатрин.

Следни Објави

Важно! Сите се радуваат, конечно убави вести! Парите ќе бидат префрлени до крајот на септември

Некои луѓе ќе доживеат невиден финансиски успех до крајот на месецов. Прочитајте во продолжение кои се тие! БИК Дефинитивно нивен месец на професионален план. Максимално ќе профитираат од секоја ситуација. Особено ќе имаат среќа оние што веќе имаат или допрва ќе започнат сопствен бизнис. ДЕВИЦА На работа ќе добиете унапредување […]