fbpx

Другар му ја силувал ќерката, па свирепо го убил: Вака му се одмаздил

Мистериозно злосторство одекна во медиумите, откако се обелоденија причините за несреќата.

Убиството на Олег Свидиров од Русија ја крена јавноста на нозе, откако беше ликвидиран од неговиот најдобар другар Вјачеслав поради тоа што му ја силувал ќерката.

Според извештајот, Вјачеслав го убил Олег откако во неговиот телефон открил видеоматеријал на кој се гледа како тој го силува неговото осумгодишно дете. Заради нивниот близок другарски однос, Олег во повеќе наврати ја чувал неговата ќерка кога за тоа имало потреба, а истрагата покажала дека секогаш кога му била доверувана улогата на бебиситер, тој ја злоставувал.

Полицијата ја сослушала и неговата сопруга која открила дека таа и нејзиниот маж му дале ултиматум на Олег сам да ѝ се предаде на полицијата до осум часот навечер или да се самоубие. Сепак, подоцна истата вечер Вјачеслав одлучил да се одмазди и го принудил некогаш најдобриот другар да заминат во блиската шума и со себе да понесе лопата.

Неколку дена подоцна е пронајден гроб во кој бил погребан Олег со нож забиен во срцето. Полицијата веднаш го уапсила Вјачеслав кој бил обвинет за тешко убиство, а судот му одредил куќен притвор.

Сепак, по големиот притисок од јавноста која отворено застана во негова одбрана, Вјачеслав е ослободен после само шест месеци поминати зад решетки, а првостепената изречена осуда била преиначена.

Кога се случи инцидентот, Вјачеслав тврдеше дека се работи за несреќен случај. На надлежните им изјави дека во текот на нивна тешка расправија Олег сам налетал на ножот.

Сепак, најновите детали никого не оставиле рамнодушен. Вјачеслав со сила го однел Олег во шумата, го натерал самиот да си ископа гроб, а потоа му го забил ножот директно во срцето, го фрлил телото во гробот и го закопал.

Фото: Ист ту Вест Њуз

Следни Објави

Утре е голем ден, од срце помолите се: Секоја жена мора да го направи ова

На 4 декември се празнува Воведение на Пресвета Богородица. Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, […]