Невропсихијатарот д-р Методи Чепреганов, кој почина на 86 години, постхумно беше одликуван со државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката.
Македонскиот невропсихијатар-епилептолог, проф. д-р Методи Чепреганов, прегледуваше пациенти до последен здив. Неполна година пред да почине откри дека максимално е посветен на пишувањето.
Освен по виталноста, беше препознатлив и по својот позитивен пристап кон животот.
Тајната за договечноста ја поврзуваше со генетиката како основа на сé.
„Втората тајна е умереност во сѐ. Сѐ што правите треба да биде умерено. Третата е да избегнувате стресови или состојби кои го воспалуваат организмот. Тие прават дисбаланс на хормоните и психосоматски болести. Тоа е најголемиот проблем на цивилизацијата и на македонскиот народ. Македонскиот народ живее во пролонгирана стресогена состојба“, нагласи професорот во едно интервју.
Фото: Принтскрин/Телма