Легендарната југословенска пејачка Мерима Његомир почина денеска на 69 години.
Тажната вест за медиумите ја потврди нејзината ќерка Љубица Његомир Живиќ која подоцна се огласи и на социјалните мрежи.
Таа на „Фејсбук“ сподели трогателна посвета, а нејзините пријатели во голем број ѝ дадоа поддршка во овие тешки моменти за семејството.
„Беше чест да се биде твое дете. Бескрајно мила моја мамичке“, напиша таа.
Со емотивни пораки се огласија и бројни естрадни личности, а меѓу нив и Нада Топчагиќ со која Његомир беше особено блиска.
„Страшно, каква жена ни замина. Немам зборови. После ова, ништо не е исто. Толку сум тажна и очајна. До последен ден се надеваше дека ќе се излекува, дека ќе помине и ова“, низ солзи раскажа Нада.
Легендарната интерпретаторка почина од рак на панкреасот.
Нејзината последна изјава за болеста прочитајте ја ОВДЕ!
Фото: Фејсбук
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.