fbpx

Трпеше страшни болки: Ова се последните зборови на Мерима Његомир

По кратко и тешко боледување, на 69 години почина Мерима Његомир.

Тажната вест ја потврди и нејзината ќерка Љубица, а српските медиуми пишуваат дека легендарната пејачка боледувала од рак на панкреасот.

Бројни естрадни личности се огласија со емотивни пораки по нејзината смрт, меѓу нив и Нада Топчагиќ со која Његомир беше особено блиска.

„Страшно, каква жена ни замина. Немам зборови. После ова, ништо не е исто. Толку сум тажна и очајна. До последен ден се надеваше дека ќе се излекува, дека ќе помине и ова“, низ солзи раскажува Нада.

Таа открива дека Мерима последниов период трпела страшни болки.

„Последните денови постојано комуницирав со ќерка ѝ Љубица. Знам дека не сакаше да ми каже се’, но свесна сум низ каков пекол поминувале. Седев секој ден до три наутро и се прашував што се случува. Кога последен пат се слушнавме со Мерима, ова беа нејзините зборови: „Надо моја, не знаеш што значи кога ништо не те боли, кога можеш да се насмееш, да се напиеш кафе.. Уживај во секој момент!“. Ми рече дека сега кога се навраќа на својот живот, сфаќа дека не сме уживале во ништо, никогаш не бевме дома, пропуштавме значајни мигови со децата, постојано брзавме и се обидувавме нешто да создадеме, а всушност животот ни пролета. Го спомна и Маринко Роквиќ, како и двајцата не дочекале сега малку и да уживаат“, открива Топчагиќ.

Во своето последно обраќање во медиумите, Његомир отворено раскажа со какви се’ предизвици се соочува.

„Се борам со тешка болест. Со голем тим на лекари и експерти се надевам дека ќе ја добијам оваа битка. Многумина се изборија, се надевам дека ќе успеам и јас. Се обидувам позитивно да размислувам. Тука се моите деца и пријателите кои ми даваат максимална поддршка. Што друго да ви кажам.. Се разболев како и милиони други луѓе на светот, па ете, меѓу нив требало да бидам и јас“, раскажа таа неодамна.

Фото: Новак Ѓуровиќ/Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Мила моја мамичке: Ќерката на Мерима Његомир неутешна

Легендарната југословенска пејачка Мерима Његомир почина денеска на 69 години. Тажната вест за медиумите ја потврди нејзината ќерка Љубица Његомир Живиќ која подоцна се огласи и на социјалните мрежи. Таа на „Фејсбук“ сподели трогателна посвета, а нејзините пријатели во голем број ѝ дадоа поддршка во овие тешки моменти за семејството. […]