fbpx

Беше југословенска ѕвезда, умре како бездомник: Нејзиниот маж го знаете сите!

Познатата српска актерка Гизела Вуковиќ почина пред шест години во хотел за самци каде и ја помина последната деценија од својот живот.

Поранешната сопруга на славниот српски пејач Звонко Богдан беше ѕвезда на југословенската кинематографија, но позади камерите живееше несреќно.

Финансиските проблеми сериозно ја доведоа во прашање нејзината егзистенција, а пред да почине си ја отвори душата и раскажа за пеколот низ кој поминала.

„Кога од Суботица тргнав за Белград, татко ми Тома и мајка ми Викторија го продадоа мојот дел од земјиштето и ми дадоа пари да купам стан во метрополата. Тоа и го направив. Истиот ѝ го препишав на ќерка ми, а потоа дојдоа несреќните деведесетти. Агенцијата на ќерка ми почна да тоне во долгови, дојдоа некои луѓе и не’ исфрлија на улица. По овој инцидент често менувавме трошни собички како потстанари. Во тие постојани преселби ги загубив сите мои стари фотографии. Не знам ниту кај ми остана наградата „Златна арена“, раскажа Гизела своевремено за „Новости“.

Во тие тешки времиња тропнала на повеќе врати за да побара помош, но сите ѝ свртиле грб. Иако, како што самата кажа во една прилика, насетувала дека нема да живее долго, до последниот ден се грижела за болната ќерка Милица и за аутистичниот внук Бранко.

„Ќерка ми со денови е болна, не станува од кревет, додека внукот е аутистичен, па ретко излегува од собата. Јас подалеку од ходникот не сум излегла ниту еднаш во последните 11 години. Едвај се движам со помош на ова столче“, призна таа низ солзи.

Гизела двапати се мажеше, првиот пат за таткото на нејзината ќерка, а вториот пат за легендарниот Звонко Богдан.

„За бракот со Звонко не сакам да зборувам. Одмана се разидовме, не ми го спомнувајте. Не сакам да се сеќавам на него. Одамна не сме во контакт. Воопшто не ме интересира, тој мене никогаш не ми ни значеше“, остро зборуваше за него.

Иако социјалните работници ѝ предлагаа да се пресели во старечки дом, таа не сакаше да ги напушти ќерката и внукот.

„Како да се одвојам од нив. Тие живеат од мојата пензија. Тие ми се се’ што имам. Нема да ги напуштам, па ако треба со нив ќе бидам и на улица. Само да обезбедам некој скромен дом, да имаме покрив над глава, па после може да умрам“, изјави таа.

Заборавена од сите, Гизела Вуковиќ почина на 29 март 2015 година. Доживеа длабока старост (89 години), но си замина од овој свет сиромашна и несреќна.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Пабло Неруда: Не заборавај да бидеш среќен

Полека умираоној кој не патува,оној кој не чита,оној кој не слуша музика.Оној кој е незадоволен со себе. Полека умираоној кој ја уништува сопствената љубов,оној кој не прифаќа помош. Полека умираоној кој е претворен во добри навики,поставувајќи си секој ден исти ограничувања.Оној кој не ја менува рутината,оној кој не се осмелува […]