Игра на судбината
Љуљзим Сулејмани, 26-годишното момче од Прешево, утронава во последен миг се спасило од сигурна смрт.
Тој е еден од седумте патници кои ја преживеаја најтешката сообраќајна несреќа во последните десет години во Европа.
Со уште неколкумина патници го скршил прозорецот и скокнал од автобусот.
Во болницата во Бугарија каде што се опоравува, денеска го посети тамошниот српски амбасадор Жељко Јовиќ. Меѓу другото, му посакал што поскоро да ја напушти болницата и да се сретне со неговата свршеница, македонска државјанка, која исто така ја преживеа несреќата и е сместена во истата болница.
Во меѓувреме, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, соопшти дека автобусот немал лиценца за меѓународен превоз, поточно му била истечена и не била извадена нова. Истиот автобус не бил ниту регистриран дека ќе сообраќа на релација Македонија-Турција. Тој патувал во групата со уште три автобуси кои имале лиценца за превоз на патници.
Фото: Профимедија/Фејсбук
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.