fbpx

Страшно! Коста ги моли инспекторите, вистинска драма под прозорецот

Коста Кецмановиќ, 14-годишното момче кое на трети мај во ОУ „Владислав Рибникар“ уби девет соученици и обезбедувачот Драган Влаховиќ, вчера цел ден ги молел двајцата инспектори во цивил кои го чуваат да му дозволат да погледне низ отворениот прозорец од просторијата во која е затворен, дознаваат српските медиуми.

Инспекторите не му дозволиле да го стори тоа, бидејќи властите донеле строго правило и Кецмановиќ апсолутно не смее да се приближува до отворен прозорец за да не комуницира со околината, пишува „Пинк“. Тие го отвориле прозорецот од спротивната страна на креветот на малолетниот убиец колку да циркулира малку воздух, бидејќи надвор било суво и топло, јавува истиот портал.

Момчето убиец ги слушало гласовите на децата и нивните родители кои доаѓале однадвор, од ограденото игралиште на Килиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, а тоа го испровоцирало да побара дозвола да се приближи до прозорецот.

„Се згрозив кога слушнав дека Коста побарал од полицијата да се приближи до отворениот прозорец спроти кој деноноќно стои полициска патрола. Во тој момент едно дете со помош на татко му ги направи првите чекори речиси под прозорецот од собата на Кецмановиќ, а две деца се нишаа пред полицијата која ја обезбедува болницата откако е хоспитализиран“, вели извор од болницата за „Република“.

Истиот извор открива дека особено се води сметка Кецмановиќ да не си нанесе штета, дека се плашат тој да не го скрши прозорецот и да се пресече со стаклото, па се исклучително претпазливи.

„Кога ќе се отвори прозорецот, момчето се држи настрана, најмногу затоа што се плашат дека ќе се обиде да најде начин да привлече поголемо внимание со тоа што ќе се повреди. На прозорците има решетки, така што нема можност да скокне, но секогаш мора да се внимава да не го скрши стаклото и на тој начин да создаде драма“, вели изворот.

Во меѓувреме, почна судењето против неговите родители. Против нив се поднесени приватни тужби од 27 членови на семејствата на жртвите.

Против неговиот татко Владимир Кецмановиќ кој по инцидентот е во притвор, е покренато обвинение под сомнение дека оружјето што го поседувал во станот не го чувал соодветно, како и дека синот го однел на стрелиште, каде што го обучувал да употребува огнено оружје. Против неговата мајка Миљана Кецмановиќ, пак, е покренато обвинение бидејќи нејзината ДНК била пронајдена на чаура која била пронајдена пред кабинетот по историја, каде што Коста го извршил масакрот врз своите соученици.

Следни Објави

Снимањето е прекинато: Влета обезбедувањето, Калиопи е без зборови

Во недела на „Сител“ ќе биде емитувана уште една епизода од регионалното шоу „Никогаш не е доцна“, а Калиопи и Жељко Самарџиќ ќе му се придружат на претседателот на жирито, Саша Милошевиќ Марет, во оценувањето на натпреварувачите. На момент, снимањето на емисијата беше прекинато, а причината е необична. Водителот Жика […]