Ебру Шахин, ѕвездата на турската хит-серија „Невозможна љубов“, и НБА-ѕвездата со македонско потекло Џеди Осман денеска го кажаа судбоносното „ДА“ во Охрид.
Како што и беше најавувано, во присуство на најблиските роднини и пријатели двојката се венча на брод, а случајните минувачи на охридското пристаниште не престанаа да ги фотографираат младенците со своите мобилни телефони.
Шахин за оваа прилика се одлучи за несекојдневна шик-венчаница, а на главата наместо класичен вел носеше впечатлив бел шешир.
За бела боја овојпат се одлучи и младоженецот, а наместо кондури, облече патики.
Во продолжение дел од атмосферата низ фотографии кои ги објави порталите „Охрид1 и „Њуз1“.
Осман е роден во Охрид во 1995 година, а потоа со семејството се преселил во Турција. Игра за Кливленд, а неговото богатство се проценува на над 50 милиони долари.
Турските медиуми пишуваат дека Ебру и Џеди планираат и голема свадбена веселба на плажа во Чешме каде што и се запознале.