fbpx

Во кусо фустанче на совршено место: Еве каде Татјана одмара по свадбата

Татјана Стојановска која минатиот месец конечно се омажи со нејзиниот долгогодишен партнер, бизнис консултантот Михаил Китановски, отпатува на заслужен годишен одмор.

Македонската ТВ-презентерка одбра совршена дестинација. Таа со сопругот ужива во убавините на Ла Специја, популарно приморско одморалиште и вториот по големина град во регионот Лигурија. Познат е по своите музеи, по трката за веслање Палио дел Голфо и по железничките и бродските врски со Чинкве Тере.

Популарната водителка и презентерка им испрати поздрав на своите следбеници на социјалните мрежи, позирајќи во кратко фустанче, со впечатлив шешир и одлично избрана чанта.

Ова е втор брак за најпознатата македонска презентерка која од првиот со фолк-пејачот Благоја Грујовски има син.

Татјана и Михаил се запознаа на одмор во Турција 2012 година каде беа со децата и таа пријателска дружба премина во врска. По една година почнаа заедно и да живеат.

Нивната љубовна приказна можете да ја прочитате ОВДЕ!

 

Следни Објави

Оваа Македонка има милион следбеници на „Инстаграм“: Тоа што го снима го препозна цел свет

Марија Мешкова е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи. Таа стана најследената Македонка на популарните платформи, откако се прослави со видеа за учење англиски јазик. Мешкова е едукатор, предавач, професор по англиски.. Но, она што ја разликува од другите се нејзините интересни видеа за презентација, пристапот што го користи, термините на […]