Принцот Хари повторно навреден
Британските медиуми објавуваат се’ повеќе детали за тоа што точно се случувало во замокот Балморал во текот на ноќта кога почина кралицата Елизабета.
Бројни членови на најблиското семејство, меѓу кои и принцовите Вилијам, Хари и Ендрју, не стигнале на време да се простат со неа.
„Сан“ пишува дека подоцна на принцот Хари не му било дозволено ниту да вечера со татка си и со брата си.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА И ОВА:
Чарлс е манипулатор, многу поопасен од тоа што изгледа: Шокантни откритија за новиот британски крал
Наводно, Чарлс и Вилијам немале доверба и стравувале дека содржината на нивниот разговор ќе излезе во јавност.
Извори од кралското семејство брифираат дека Хари би можел да открие приватни работи во неговите мемоари кои би требало да бидат издадени до крајот на годината.
Фото: Принтскрин Јутјуб
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО