fbpx

Му беше слугинка, тој е лош човек: Шокантни детали за односот на Вилијам и Кејт

Британското кралско семејство во една прилика се најде под лупа на јавноста поради Сара Роуз Хенбери, манекенката и модел која наводно е жената со која принцот Вилијам имал љубовна афера.

Она што е уште пошокантнио е дека таа важела за добра пријателка на изневерената Кејт Мидлтон, пишуваа британските таблоиди.

Ова не е првпат британскиот престолонаследник да биде поврзан со недолично и скандалозно однесување.

Писателот Ендрју Мортон откри нови детали за принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт во книгата William and Catherine.

„Ја третираше како слугинка додека беа во врска“, напиша тој повикувајќи се на блиски пријатели на Војвотката од Кембриџ кои искрено се радувале кога двојката на кратко се раздели во 2007 година. 

Односот на Вилијам и Кејт не бил секогаш идиличен, тврдат тие.

– Вилијам беше тврдоглав и мислењето на Кејт воопшто не го земаше в предвид. Повеќе ја третираше како слугинка отколку како девојка. Не се расправаа, туку едноставно ја игнорираше. Како да не беше присутна во разговорите. Нивниот однос имаше големи подеми и падови и неколкупати се разделуваа пред да се земат – признал близок пријател на Мидлтон. 

Следни Објави

Миа ѝ се обрати на една од најуспешните македонски манекенки: Зошто толку гнев?

Македонската инфлуенсерка и поранешна водителка Миа Костова директно ѝ се обрати на Снежана Сани Богдановска, модна новинарка, водителка и една од нашите најпознати манекенки. Како што пишува во својата објава, Костова не може да сфати зошто Богдановска ги негира новите трендови и постојано ги понижува помладите. „Отсекогаш сметав дека Сани […]