Тажна вест
На само четири дена пред неговиот 71-ви роденден, почина Миланчо Манев, крводарител-рекордер од Штип, јави „Телевизија Стар“.
Со години волонтираше во Здружението на инвалидски пензионери. Оттаму го опишуваат како исклучително хумана личност.
До својата 65-година, дури 158 пати дарувал од својата крв. Веројатно да не е возрасната граница за крводарување, таа бројка би била поголема. Од својата 18 година, кога почнал да работи во ТК „Македонка“ во Штип, секоја година во просек дарувал по 3,5 пати крв годишно.
Во текот на својата активна крводарителска мисија, Миланчо Манев направил пауза од година и пол, поради гнев на односот на Клиничката болница од Штип кон него. Не издржал на повикот за итна потреба од неговата крвна група А-позитив, по што го прекинал, како што рече заветот, гневен на односот на одделни специјалисти во болницата кон него, пишува порталот „ММС“
Блиските на семејството велат дека во странство била ќерката на Миланчо, а кај неа на гости отишол и неговиот син, па ќе се почека нивното враќање за да се изврши погребот.
Семејството Маневи го очекувало свадба на синот, информира истиот портал.