fbpx

Има 21 година и 15-годишна ќерка: Луѓето се запрепастени, на шест години ли ја роди?!

За разлика од многу нејзини врсници, 21-годишната Хантер Нелсон од САД не излегува навечер и не се журка по клубови, туку е зафатена грижејќи се за нејзината ќерка тинејџерка.

„Јас, додека се возам по патот со 15-годишна и сфаќам дека имам 21 година“, стои во описот на видеото на „Тик Ток“ кое запрепасти 8,2 милиони гледачи.

„Ниеден родител или запослен во нејзиното средно училиште не ме сфаќа сериозно. Веќе чувствувам како луѓето ќе ме прашуваат кој клас сум кога и да одам. Како да ја научам да вози кога едвај јас умеам да се спуштам по патот?“, пишува оваа русокосата во продолжение на видеото.

Луѓето нормално се запрепастени.

„Имаше шест години кога роди ќерка?“, ја прашува една жена во коментарите под снимката.

Во следното видео, Хантер ги открива деталите од својата крајно необична семејна ситуација.

„Не добив бебе кога наполнив шест години. Неодамна поднесов барање за старателство над својата сестра, пред неколку месеци.. Чувствував дека тоа е најдобриот начин да направам таа да биде безбедна и среќна, нејзините потреби и желби да бидат задоволени, да дојде да живее со мене“, им објаснува на своите следбеници.

Девојката појаснува дека нивниот татко починал во 2015 година и дека нејзината полусестра Грејси од Северна Каролина речиси во исто време ја загубила мајка ѝ. Кога дознала дека постои можност Грејси да биде сместена во дом по мајчината смрт, побарала од судот таа да ѝ биде старател.

„Тоа е 100 отсто легално. Грејси не сакаше да дојде со мене. Доби напад и помислив дека ќе се самоубие во бањата. Ептен ми се налути. Знам дека ѝ беше тешко, но на крај сфати дека со мене може само да ѝ биде подобро“, ја завршува Хантер својата необична животна приказна.

Следни Објави

Нова семејна трагедија: Сузана Турунџиева скршена од тага

Сузана Турунџиева денеска со трогателна посвета се прости од својата свекрва. Таа на своите следбеници на социјалните мрежи им откри дека се упокила мајката на нејзиниот сопруг Марјан кој прерано го напушти овој свет и од кого ја има ќерката Матеа. „Денес, по кратко боледување не’ напушти нашата драга баба Лена, […]