Нова трагедија во светот на познатите
На 34-годишна возраст почина Коди Лонго најпознат по улогата на Николас Алмејн во хит-серијата Days of Our Lives која се емитуваше на Ен-Би-Си.
Американските медиуми јавуваат дека е пронајден мртов во неговиот дом во Остин.
Тажната вест ја потврди и неговата сопруга со која има три малолетни деца.
„Беше неверојатен татко и најдобар сопруг. Целиот наш свет е срушен“, напиша Стефани Кларк.
Откако со часови не можела да оствари комуникација со својот славен сопруг, додека работела во локално студио за танцување, повикала полиција. Службениците го пронашле во кревет без знаци на живот, објави TMZ.
Се’ уште не е позната причината за смртта.
Лонго има проблематично минато. Неколкупати беше во судир со законот, а пред две години беше и уапсен под сомнение дека сек*уално злоставувал деветгодишно девојче. На крај, засегнатите страни се спогодија и случајот немаше судска завршница.