fbpx

Го гледавме во омилената серија кај нас: Познатиот актер почина на 59 години

На 59-годишна возраст почина американскиот актер Дејвид Гејл, најпознат како доктор Џо Сканлон во повеќе од 200 епизоди на Порт Чарлс, спин-оф на серијата Општа болница.

Македонската публика го памети како Стјуарт Карсон, вереникот на Бренда Волш (Шенон Доерти) во легендарната тинејџерска серијата Беверли Хилс 90210.

Причината за смртта е непозната, а тажната вест ја потврди неговата сестра Кејти Колменарес.

„Речиси и немаше ден во мојот живот да не си бил покрај мене, секогаш мој придружник, секогаш мојот најдобар пријател подготвен да се соочи со се’ и секого за мене“, напиша таа.

„Секој ден ќе го чувам во моето срце. Ти беше прекрасно, сакано и неверојатно човечко суштество кое ќе недостига секоја секунда, секој ден, засекогаш“, дополни во истата објава.

За смртта на Дејвид свое обраќање имаше и Пит Фериеро, водител и продуцент на подкастот Беверли Хилс 90210.

„Тој беше исполнет со живот и неверојатни приказни. Благодарен сум што го познавав. Многу сум тажен поради оваа загуба на светот. Тој беше подарок за сите нас“, напиша тој.

Следни Објави

Лоши вести за Ѓорѓе Давид кој смртно прегази жена: Еве што е одлучено

Обвинителот побара да му се одземе пасошот на српскиот пејач Ѓорѓе Николиќ, познат како Ѓорѓе Давид, кој смртно прегази жена близу границата „Табановце“. Оваа мерка на претпазливост беше изречена од судот. „По предлог на Основното јавно обвинителство Куманово на странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце му […]