fbpx

Трагедија! Татко му ја потврди тажната вест! Омилениот актер почина на 35 години

Поранешниот детски актер Еван Елингсон почина на 35-годишна возраст.

Тој е пронајден мртов во спалната соба на клиниката за рехабилитација во Фонтана, Јужна Каролина, пишува TMZ.

Неговиот татко Мајкл ја потврди тажната вест. На медиумите им откри дека син му се борел со дрогата, но дека во последните години му било многу подобро.

Според информациите од вештачењето, се чини дека не се работи за кривично дело, а причината за смртта засега не е позната.

Елингсон се прослави покрај Камерон Дијаз во филмот My Sister’s Keeper од 2009 година. Беше познат и по улогата на Кајл Хармон во хит-серијата „ЦСИ: Мајами“.

Во шоубизнисот влезе релативно млад, на 13 години со мала улога во еден телевизиски филм. По кусото појавување во „Општа болница“ доби можност да глуми и во сериите „Тоа беше тогаш“, „Целосно дивјаци“, „Коски“ и „24“.

Следни Објави

Се самоуби жената која ја снимија како врши нужда: Семејството сега бара само едно

Се самоуби жената која беше снимена како врши нужда во центарот на Бања Лука. На социјалните мрежи неодамна беше објавено видео на кое може да се види како таа излегува од автомобилот и врши нужда пред Народниот театар во Бања Лука. Еден од минувачите сето тоа го сними и видеото […]