Пејачот и поранешен натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“, Немања Вуковиќ (23), загина синоќа во страшна несреќа кај Добановац, откако во него удри автобус.
Според извор близок на истрагата, Немања трагично настрадал откако по сообраќајката која ја преживеал се обидел да претрча по автопатот.
„Немања доживеал сообраќајна незгода откако, најверојатно поради дефект на гума, изгубил контрола и удрил во тротоарот. Позади него имало уште две возила кои се судриле. Таа несреќа не е директно поврзана со онаа на Немања. Младиот пејач излегол од автомобилот да види што се случило. Полицаец кој стоел на другата лента на автопатот го предупредил да остане до своето возило додека не провери во каква состојба се возачите во другите два автомобила кои се судриле неколку моменти подоцна“, открива истиот извор.
И покрај предупредувањето, пејачот, од засега неутврдени причини, се обидел да претрча преку автопатот. На него налетал автобус кој го усмртил на лице место.
„Останатите двајца возачи се сослушани во станица, а против еден од нив, државјанин на Украина, ќе биде поднесена кривична пријава“, открива изворот.
Инаку, за страшната несреќа е известено и надлежното обвинителство, по што е наредена обдукција на телото и сите други дополнителни вештачења кои ќе помогнат во истрагата.