Тажна вест
Поранешниот македонски премиер Зоран Заев сподели тажна вест на социјалните мрежи. Тој со емотивна посвета се прости од Зоран Димовски, истакнат активист од Шарената револуција.
„Прерано и подмолно ни те зема таа проклета болест, другар Зоране. Изгубив другар од времето на Шарената револуција кој остана мој другар сите овие години, а сите заедно изгубивме соборец за Слобода и Демократија. Зоране, твојата верба, искреноста и посветеноста кон заедничката кауза ќе ја пренесуваме и шириме секој ден, сеќавајќи се на другарството со тебе. Ти си човек за кој е резервирано посебно место на македонскиот демократски пиедестал. Почивај во мир“, напиша Заев на „Фејсбук“.
Пријателите на Димовски со шок и неверување ја примија веста за неговата смрт.
„Голем борец за правда, но оваа борба не успеа да ја добиеш. Почивај во мир, драг пријателе“, е само една од многуте трогателни посвети.